Наскоро ќе стартува изградбата на делницата Опае – Белановце – Станчиќ – граница со Косово од регионалниот пат Р 29272, со која Куманово и липковскиот регион директно ќе се поврзат со Косово. Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор со бугарската компанија ИСА 2000 ЛТД за изградба на оваа патна врска во висина од 375.240.000 денари или околу 6,1 милиони евра. Градежната оператива е должна да ги реализира изведбените активности до крајот на април 2017 година. На распишаниот тендер од Јавното претпријатие учествуваа четири домашни и меѓународни градежни компании. Реализацијата на патната врска од селото Опае до косовската граница е дел од владиниот проект за инвестирање на 100 милиони евра за реконструкција и изградба на регионалните и локалните патишта во земјава во текот на годинава.