Претходна статија
Започна изградбата на нова детска градинка во скопско Стајковци
Следна статија
Само една компанија поднела барање за закуп на земјиштето во скопската железарница

Куманово ќе добие 20 милиони денари од владата за развој на индустриската зона

Објавено на 26.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Куманово ја поздрави одлуката на македонската влада за доделување на финансиска помош во висина од 20 милиони денари за уредување на градежното земјиште од индустриската зона Новине и Речица. Како што информираат кумановските општински власти, овие средства ќе бидат доволни за почеток на реализацијата на реална инфраструктура во овој дел на Куманово. На оваа локација во моментов има единствено земјоделско земјиште, без неопходната инфраструктура која е неопходна за привлекување на инвеститори.

 

Со отпочнувањето на градежните работи за изградба на инфраструктурата во оваа индустриска зона ќе се овозможи поголем успех при наредните огласи за продажба на градежни парцели на инвеститорите. Општина Куманово во изминативе години објавуваше огласи за отуѓување на градежни парцели од оваа индустриска зона, но интересот на компаниите беше мал. Индустриската зона Новине и Речица во Куманово се протега на површина од 60 хектари и на нејзината локација е предвидено да се градат објекти за мали и средни претпријатија.