Претходна статија
Се реконструира улицата Брадфордска во Карпош
Следна статија
Субвенции од по 3.000 денари за купен нов велосипед во Скопје

Куманово бара приватен партнер за инвестирање во јавното осветлување

Објавено на 12.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Куманово денеска го објави повикот за воспоставување на јавно – приватно партнерство за модернизација и одржување на јавното осветлување во вториот по големина град во земјава. Од идниот приватен партнер се очекува во наредните 10 години да инвестира над 243 милиони денари, односно 4 милиони евра, во уличните светилки на кумановските улици. За возврат, тој би ги добил приходите што ги плаќаат граѓаните за улично осветлување, чие неодржување е голем проблем со кој се соочуваат кумановчани со години наназад.

 

 

Локалните власти очекуваат идната приватна компанија да го подобри уличното осветлување во градот, кое се состои од 9.340 светилки. За реализација на јавно – приватното партнерство веќе е изработена физибилити студија, врз чија основа е распишан актуелниот повик. Општинската администрација ќе ги очекува понудите од заинтересираните инвеститори до 10 април, по што треба да се избере најповолен понудувач.