Претходна статија
Монтажни куќи - одличен избор!
Следна статија
СЈО отвори истрага „Актор“ околу изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица

Крива Паланка за осум месеци ќе добие реконструирана водоводна мрежа

Објавено на 21.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Над 13,3 милиони денари ќе се одвојат за реконструкција на дел од водоводната мрежа во Крива Паланка. Министерството за транспорт и врски го склучи договорот за изведба на градежните работи што е предвидено да завршат во рок од осум месеци. За изведувач на проектот е избрана фирмата „ЈУ-БАЈ 2 Амет“ од скопското село Бојане, која што доставила најповолна понуда на распишаниот тендер од декември 2017 година. Во тендерската постапка учествувале 10 компании.

 

Со претстојниот градежен зафат е предвидено да се заменат азбестцементните цевки од водоводната мрежа во Крива Паланка. Со реконструкцијата ќе се заменат водоводните цевки во централното градско подрачје, вклучувајќи ги улиците Моша Пијаде, Партизанска, Херој Карпош, 8 Октомври, 11 Октомври и Борис Кидрич.