Претходна статија
На 12 јуни промоција на книгата „Обрасци на раст - неприродни екологии“ на Архитектонскиот факултет
Следна статија
Град Скопје: Исцрпени годинешните средства за субвенции за велосипеди

Крива Паланка ја комплетира документацијата за гасификација на градот

Објавено на 06.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Крива Паланка ќе изработува инфраструктурен проект за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа со должина од 8.500 до 9.000 метри. Станува збор за последната фаза од изготвувањето на проектната документација за гасификација на градот, по што ќе следува и изведба на гасоводните траси на терен. За гасоводната мрежа во Крива Паланка во изминативе години беше изработен основен проект со сите фази, а беше усвоена и физибилити студија за реализација на овој значаен проект за градот.

 

 

Инфраструктурниот проект е предвидено да се изработи во рок од 90 дена. За неговата подготовка ќе се издвојат околу 350.000 денари од општинскиот буџет. Дистрибутивната гасоводна мрежа во Крива Паланка би почнала да се гради по комплетирањето на документацијата, но и по изборот на модел по кој ќе се финансира самиот зафат. Овој град од североистокот на Македонија е првиот што доби пристап до природен гас преку изградбата на магистралниот гасовод од Деве Баир до Скопје во 90 – те години од минатиот век, но општинските раководства до денешен ден не извршиле гасификација на оваа градска средина.