Светската банка и додели заем во висина од 80 милиони денари на скопската општина Ѓорче Петров за изградба и реконструкција на 17 улици. Во просториите на локалната самоуправа денеска беше потпишан договорот за изведба на проектите, помеѓу општина Ѓорче Петров и А.Д. „Карпош“, во присуство на претставници на Светската банка. Реконструкцијата на патната инфраструктура со вкупна должина од повеќе од три километри ќе се одвива во претстојните месеци од годинава. Покрај промената на асфалтот, со градежниот зафат ќе се реновира и целокупната водоводна и канализациона мрежа на овие улици.
Со проектот за изградба и реконструкција се опфатени следниве улици: Австралиска, Антон Чехов, Антон Кецкаров, Јадранска, Исаија Маџоски, Браќа Галеви, Виа Игнатиа, Алекса Деминиевски 3, Алекса Деминиевски 4, Алекса Деминиевски 5, Злате Михајловски, Црногорска 2, Ибе Паликуќа, Крсто Раковски и Алекса Деминиевски. Подигнатиот кредит ќе се враќа со финансиски средства обезбедени од локалниот буџет на општина Ѓорче Петров.