Претходна статија
Државата продава градежно земјиште во Пехчево и Кривогаштани
Следна статија
ЕЛЕМ одлучен да ја гради акумулацијата „Луково поле“

Косовски „Елкос“ отвори трговски центар во Штип

Објавено на 14.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Штипскиот градоначалник Илчо Захариев и сопственикот на косовската компанија „Елкос груп“ Рамиз Кељмеди денеска свечено го отворија новиот трговски центар, лоциран во штипската населба „Сењак“. Објектот има корисна површина од 5.500 метри квадратни и во него се инвестирани 4 милиони евра, а бројот на нови работни места е 60. Во трговскиот центар се нудат над 30 илјади артикли, првенствено прехранбени продукти, облека, обувки и техника за домаќинствата. Косовската инвестиција почна да се реализира минатото лето на градежна парцела со површина од околу пет илјади метри квадратни, која беше купена во октомври 2012 година по цена од 19,7 милиони денари (320 илјади евра), од кои 15 милиони денари завршија во општинската каса.

 

Косовскиот инвеститор најави дека во иднина планира да вложи 50 милиони евра во изградба на уште неколку трговски центри и откупни центри за зеленчук и овошје во Струмица, Тетово, Гостивар и Битола. Косовската компанија „Елкос груп“ има над 20 трговски центри во Косово, и по еден во Албанија и во Црна Гора.