Претходна статија
Започна изградбата на катна гаража спроти Стариот театар
Следна статија
Реконструкција на дел од изложбениот простор во Музејот на Македонија

Косовската компанија „Ескаватори“ ќе го рехабилитира стариот пат помеѓу Скопје и Куманово

Објавено на 20.02.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Стариот пат Скопје - Куманово (Р-101) кај АрачиновоЈавното претпријатие за државни патишта потпиша договор со косовската компанија „Ескаватори“ од Урошевац за реконструкција на патиштата Арачиново – Никуштак – Ропалце и Липково – Арачиново. Вредноста на планираните градежни работи изнесува 157.406.000 денари или над 2,55 милиони евра. Со реализацијата на овој проект и градовите Скопје и Куманово ќе добијат поквалитетна патна врска, која претставува алтернатива на автопатот. Градежната компанија треба да ги реализира неопходните активности за санација на двата патни правци во период од 36 месеци. Овој проект е дел од владината програма за реконструкција на македонските патишта за 2013 година.

 

Патниот правец од Липково до Арачиново во моментов се наоѓа во лоша состојба, а граѓаните досега во неколку наврати укажуваа на дотраениот коловоз преполн со дупки. И покрај тоа што припаѓа во пониска категорија на патишта, жителите и стопанските субјекти од околните населени места редовно го користат овој пат, додека автопревозниците по оваа траса имаат организирано редовна меѓуградска линија помеѓу Скопје и Куманово.