Претходна статија
Битолската касарна и ИЗ „Жабени“ чекаат нови инвеститори
Следна статија
Во Охрид се гради нов хотел со пет ѕвездички

Косово ќе гради автопат кон Скопје, Македонија концесионира

Објавено на 02.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Косово денеска ја започна изградбата на автопатот од Приштина до македонската граница, по вчерашното потпишување на договорот за негова реализација од страна на тамошното министерство за инфраструктура. Должината на идниот современ пат ќе изнесува 60 километри, а висината на инвестицијата е 820 милиони долари. Овој крупен проект го изведува американско – турскиот конзорциум „Бехтел – Енка“, кој има претходно искуство и во изведбата на автопатското поврзување меѓу Косово и Албанија. Владата во Приштина смета дека новиот автопат ќе овозможи Косово да стане раскрсница за сообраќајот помеѓу грчките и албанските пристаништа.

 

И додека нашиот северен сосед веќе активно се вклучи во изградбата на автопатот, Македонија сè уште не го започнала ниту процесот за пронаоѓање на приватен партнер за делницата од граничниот премин Блаце до Скопје. Во текот на годинава ќе треба да се распише меѓународен повик за приватен концесионер кој ќе биде заинтересиран да инвестира во изведбата на делницата, а за возврат да ги собира приходите од патарините. Македонскиот дел од автопатското поврзување со Косово треба да биде комплетирано најдоцна до 2018 година.