Претходна статија
Новиот скопски градоначалник најавува реорганизација на паркирањето
Следна статија
За еден месец ќе почне изградбата на експресниот пат Штип - Радовиш

Косово до крајот на 2018 година ќе го заврши автопатот Приштина – Блаце

Објавено на 07.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Автопатот „Арбен Џафери“ ќе биде готов до крајот на 2018 година, но само од косовската страна. Од турско – американскиот конзорциум „Бехтел – Енка“ денеска соопштија дека автопатот од Приштина до граничниот премин Блаце се изведува во согласност со планираната динамика. Дел од трасата на рамничарскиот предел кон Приштина веќе е завршена, а најголем предизвик за изведувачот на работите ќе биде новиот тунел кај Качаник во должина од 2,2 километри и неколку мостови со вкупна должина од 5,5 километри. Автопатската делница ќе чини околу 600 милиони евра.

 

 

И додека соседно Косово го гради својот дел од обврските, Македонија веќе трета година нема обезбедено стабилна финансиска конструкција за овој проект. Претходната влада планираше да пронајде приватен концесионер на меѓународен повик, но ваквата идеја пропадна. Станува збор за делница во должина од околу 12 километри. Новата извршна власт го планира овој проект како приоритетен при изградбата на патиштата низ земјава. Владата веќе вети дека постојниот патен правец ќе биде реконструиран до крајот на 2018 година. Покрај ваквиот зафат, од извршната власт очекуваат во најскоро време да се знае кои меѓународни финансиски институции ќе обезбедат поволен кредит за изведба на идната автопатска врска од Скопје до граничниот премин Блаце.