Општина Центар ќе подига монтажен паркинг во Капиштец, со капацитет за околу 500 возила. Планирано е да се добие уште едно ниво за паркирање над постојните паркинзи покрај улицата „Народен Фронт“, на сегментот од последната станица на линијата „23“ до кафеаната „Интермецо“. Распишан е конкурс за изработка на проект и изведба на објектот, а краен рок за доставување на понуди е 16 февруари. Предвидено е монтажниот паркинг да биде во функција најдоцна до 2012 година и со него да стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. За жителите од околината се најавуваат повластени цени.