Претходна статија
Општина Кисела Вода продава земјиште кај паркот Шопен
Следна статија
„Тинекс“ ќе гради трговски центар во центарот на Прилеп

Конкурс за ентериер на продавници за органска храна

Објавено на 16.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Владата мерка отворање на специјализирани продавници за органска храна. Неодамна пласираната кампања за здрава храна резултираше со распишување на Конкурс за избор на идејно решение за ентериерно уредување и опремување на планираните комерцијални простории. Од македонските архитекти се бара да достават авторски трудови што ги задоволуваат трите набројани критериуми во Конкурсот: оригиналност, креативност и инвентивност на решението, примена на архитектонскиот израз на функционалност и оправданост на идејата за соодветниот простор, како и понудено решение за соодветно опремување на продавниците.

 

 

 

На распишаниот Конкурс од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е предвидено да се доделат три награди, при што победничкото архитектонско дело ќе се стекне со парична награда во износ од 30.000 денари. Изборот на најуспешното идејно решение ќе го врши тричлена комисија, во состав: Оливера Бичиклиски, Михајло Дранговски и Цветан Трипуновски. Заинтересираните автори или проектантски бироа треба да ги достават своите трудови најдоцна до 23 март.

 

Отворањето на специјализираните продавници за органската храна е дел од Програмата за работа на надлежното министерство за 2015 година. Досега не се објавени информации околу начинот на кој ќе функционираат овие комерцијални објекти, ниту пак колкав ќе биде нивниот број низ македонските градови.

 

 

Бојан Блажевски