Претходна статија
Цените на становите во Скопје ќе продолжат да паѓаат до крајот на годинава
Следна статија
„Гранит“ склучи два нови договори во вредност 1,7 милиони евра

Конечно ќе се воведе електронски систем на наплата на патарините

Објавено на 04.09.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#На тендерот за модернизација и имплементација на електронска наплата на патарините долж Коридорот 10, понуди доставија една турска компанија и пет конзорциуми составени од хрватски, словенечки, шпански, австриски, британски и грчки компании. Според Александар Стојанов, помошник директор во Секторот за инвестиции во Агенцијата за државни патишта, сега следува период во кој ќе треба да се испита дали понудите одговараат на техничките услови. Електронската наплата на патарините ќе се одвива без посредство на човечки фактор, со користење на банкарски или специјални „смарт“ картички. По разгледувањето на понудите кое се очекува да заврши во рок од 30 дена, ќе се одбере техничкото решение со што завршува првата фаза на тендерот. Потоа во втората фаза ќе се понудат цени за изведбата. Од Агенцијата се надеваат дека до крајот на годината ќе биде познат изведувачот, а рокот за изведба е 18 месеци.

 

Проектот ќе се спроведува со средства обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), кој исто така опфаќа и финансирање на изградба на четири нови наплатни станици. Од први октомври патарините преминуваат во надлежност на Агенцијата за државни патишта која притоа ќе преземе и околу 250 вработени од ова јавно претпријатие.

 

 

» Форумска дискусија за патарините во Македонија