Претходна статија
ФЕЉТОН: Детален урбанистички план за целиот центар на Скопје никогаш не се изработил по земјотресот (12)
Следна статија
Изложба на архитект Мишко Ралев на 20 декември во „Мала станица“

Комората на овластени архитекти и инженери одбележа 10 – годишен јубилеј

Објавено на 18.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со доделување на награди, плакети и благодарници на заслужни инженери и архитекти, Комората на овластени архитекти и инженери денеска го одбележа 10 – годишниот јубилеј од нејзиното основање. На денешниот настан во хотелот „Александар Палас“ присуствуваа министерот за економија Крешник Бектеши, министерот без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ и претседателот на Комората Миле Димитровски.

 

 

Комората на овластени архитекти и инженери е основана во декември 2007 година. Таа е единствената инженерска комора во земјава која поседува јавни овластувања согласно легислативата за издавање на овластувања на инженерите за нивно професионално работење. Организацијата ја сочинуваат 12 инженерски одделенија, кои бројат 2.600 активни членови од вкупно 6.000 членови. Комората денес е полноправна членка на Европскиот Совет на Инженерски Комори (ЕСЕС) и е дел од Светската Федерација на Инженерски Организации.