Претходна статија
Се подготвува теренот за изградба на Офицерскиот дом и хотелот на Плоштад Македонија
Следна статија
Државата конечно се сети на Спомен - костурницата во Велес

Кочани ќе го унапредува постоечкиот геотермален систем

Објавено на 28.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Во проектот за Иновативно искористување на нискотемпературните геотермални ресурси во Југоисточна Европа „ГеоСЕЕ“ (GeoSEE) ќе влезе и Македонија преку унапредување на постоечкиот геотермален систем во Кочани. Локалната самоуправа од градот потпиша договор за искористување на грант во висина од 145.000 евра за изработка на проект за догревање на геотермалната вода што во моментов се црпи за топлифицирање на училиштата, судот и оранжериите во кочанскиот регион. Според информациите од општинската власт, до крајот на декември 2014 година ќе се изработи неопходната проектна документација. Со сегашниот систем, Ј.П.„Водовод“ од Кочани обезбедува геотермална вода со просечна температура од 75 степени.

 

Капацитетот на единствениот ваков систем во земјава изнесува 300 литри во секунда, при што годишно се искористуваат 1,4 милиони метри кубни геотермална вода. Македонија е земја којашто има голем потенцијал за искористување на геотермалната енергија како еколошки и обновлив извор на енергија, со 25 природни извори на термални води со температура поголема од 21 степен. Системот во Кочани е изграден во 1984 година и досега во неколку наврати се правеа безуспешни обиди за негов поширок развој.