Претходна статија
СДСМ ќе побара од Градот Скопје да се прекине изградбата на Панорамското тркало
Следна статија
Потпишан договорот за изградба на нова градинка во Шуто Оризари

Кочани бара приватен инвеститор за изградба на СПА-центар

Објавено на 19.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Кочани денеска објави повик за воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба на СПА-центар во градот. Идниот приватен инвеститор ќе треба да го проектира, финансира, управува и одржува идното спорско здание што ќе се гради до градскиот базен во Кочани. Концесионерот ќе управува со СПА-центарот во период од 30 години. Вкупната проценета вредност на договорот изнесува 1.330.000 евра, без вклучен ДДВ. Инвестицијата во СПА-центарот покрива околу 880.000 евра од договорот, додека преостанатите средства би се вложиле во летната дискотека „Аква“.

 

 

Локалната самоуправа изработи физибилити студија за реализација на проектот. Овој документ покажа дека идниот концесионер би уплаќал најмалку 10.000 евра годишно на општина Кочани врз основа на реализацијата на оваа инвестиција. СПА-центарот би се изградил во рок од три години. Приватниот инвеститор ќе треба да склучи дополнителен договор со КЈП „Комуналец“ од Кочани за искористување на студената или на топлата геотермална вода за одржување во функција на спортско-рекреативниот комплекс.