Претходна статија
Буџетот на главниот град за 2015 година усвоен, партиите со реакции
Следна статија
„Урбан инвест“ за 1,5 милиони евра ќе ја рефасадира „Сити галери“

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе произведува електрична енергија

Објавено на 04.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во рамките на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ ќе се изгради когенеративна постројка за производство на електрична енергија, која ќе обезбеди самостојно снабдување на оваа здравствена установа. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска најави дека објектот ќе се реализира во наредните шест месеции, по пат на јавно – приватно партнерство.

 

 

 

Со проектот се предвидува овој енергетски објект по 15 години да премине во сопственост на државата. Постројката како енергенс ќе го користи гасот, а според пресметките на Министерството за здравство, со остварувањето на овој зафат ќе се заштедат околу 10 милиони денари на годишно ниво, кои би се инвестирале во подобрување на здравствениот систем.