Архитектите Филип Караѓозовски и Перо Лазаревски од архитектонското студио „КЛ“ ќе имаат свое излагање во рамките на програмата „Практископ“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“. Настанот ќе се одржи на Скверот на Архитектонскиот факултет при УКИМ во четврток, 21 март, со почеток од 19 часот.
Студиото „КЛ“ е основано во 2006 година и во изминатиов период има изработено десетици проекти, првенствено во делот на дизајн на ентериер, во Македонија, Албанија, Азербејџан и Белорусија.