Претходна статија
Започна изградбата на нова фабрика во ТИРЗ Струга
Следна статија
Одржана дебата и изложба на пристигнатите трудови за новата Градска болница во Аеродром

Кинезите бараат 152 милиони евра за доградба на тунелот Пресека

Објавено на 06.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Кинеската компанија „Синохидро“ побарала фрапантни 152 милиони евра за довршување на изградбата на двоцевниот тунел кај Пресека на автопатот Кичево – Охрид. Вкупната должина на овој тунел изнесува 4 километри. Од владата се убедени дека ќе се заштедат 25 до 30 милиони евра со дополнителните преговори што се водат со Кинезите. Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска ги образложи причините за потребата од донесување на предлог измени на Законот за изградба на овој автопат. Ќе бидат ослободени 205 милиони евра од земениот кинески кредит, со што ќе се овозможи да продолжи изградбата на оваа автопатска делница. Со овие средства ќе се изведуваат градежни работи на оние сегменти од автопатот што не се спорни.

 

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески најави дека за еден месец ќе се склучи дополнителен анекс на првичниот договор, по што ќе се знае и вкупната вредност на недоградениот автопат Кичево – Охрид. Додатни средства ќе бидат потребни за изградба на девет клучки, пристапни патишта, дополнителни санации на косините на делницата, а главен проблем е довршувањето на тунелот „Пресека“. Од владата велат дека со преговорите со кинескиот изведувач „Синохидро“ ќе успеат да заштедат околу 80 милиони евра при идното поскапување на делницата долга 57 километри.

 

„Денеска во Владата направивме анекс на тој договор што ќе го предложиме во Парламентот, каде што се надеваме дека пратениците ќе го поддржат и со тоа ќе се деблокира градењето на овој автопат во прва фаза со сите дополнителни работи, многу поекономично и по цени далеку пониски од тие што претходно биле номинирани“ изјави вицепремиерот Анѓушев.