Претходна статија
Со електрични автомобили ќе се разгледува центарот на Скопје
Следна статија
Друштвото за патишта одбележа 45 години од основањето

Кичево конечно ќе ја добие болницата што ја чека со децении

Објавено на 08.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Новата кичевска болница - визуелизацијаМинистерот за здравство Никола Тодоров изјави дека во текот на утрешниот ден ќе се распише тендерот за реконструкција и доградба на кичевската општа болница. Во проектот е предвидено да се инвестираат 200 милиони денари или околу 3,25 милиони евра. Ветениот здравствен објект ќе се простира на површина од 7.000 метри квадратни и ќе биде целосно опремен за да им овозможи адекватна заштита на 70.000 жители од Кичево и околината. Рокот за негова изведба изнесува 16 месеци, а градежните работи ќе започнат претстојната пролет. „Практично станува збор за изградба на нова болница која ќе вклучува пет одделенија за секундарна здравствена заштита, 10 специјалистичко консултативни служби и четири одделенија со дневна болница. На овој начин, во овој објект ќе бидат сместени сите одделенија за гинекологија, интерна, амбулантски дел, нов ургентен центар и делот за дијализа“, изјави министерот Тодоров.

 

Кичевската општа болница се гради повеќе од 25 години, но никако проектот да се заокружи во разумен рок. Нејзината изградба е започната, но не е завршена. Во неколку наврати во минатото се даваа ветувања дека истата ќе биде комплетирана, но и покрај изјавите, надлежното Министерство за здравство не пристапи кон остварување на предвидените градежни активности.