Претходна статија
Нови осум павилјони во студентскиот дом „Стив Наумов“
Следна статија
На едноставен начин до извод од ДУП во општина Центар

Кичево и Дебар ќе се поврзат со поквалитетна патна врска

Објавено на 15.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

мапаДруштвото за градежништво, промет и услуги „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ од Скопје е избрано од страна на ЈП за државни патишта, за изработка, дополнување и прилагодување на проектната документација за изградба на делницата Гарски мост – Извор од државниот пат Р2246. За реконструкција на делницата Бошков мост – Гарски мост, која е дел од истиот пат, во ноември минатата година веќе беше избрана градежната компанија „Илинден“ од Струга. Со овие два проекти, Дебар и реканскиот регион ќе добијат поквалитетна директна патна врска со Кичево. Во моментов само 12 километри, односно 36% од трасата помеѓу Бошков мост и Извор се асфалтирани, додека на останатиот дел сообраќајот се одвива по макадам. Најкратката алтернатива на постоечкиот макадамски пат помеѓу Дебар и Кичево е долга 88 километри и води преку Маврово.

 

„ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ има на располагање 18 месеци за изработка на потребната проектна документација. Вредноста на склучениот договор изнесува 23.175.200 денари (околу 377 илјади евра).