Претходна статија
Цената на станбениот и деловниот простор во Скопје останува стабилна
Следна статија
Турски „Атајмач“ гради откупно - дистрибутивен центар во Илинден

„Ки Сејфти Системс“ ја отвори фабриката во ТИРЗ Кичево

Објавено на 09.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Американската компанија „Ки Сејфти Системс“ денеска ја отвори новата фабрика за производство на воздушни перничиња во Технолошко индустриско развојната зона Кичево. Инвеститорот вложи 15 милиони евра и во наредниот период планира да вработи 1.000 лица. Од наредната година се очекува фабриката годишно да произведува шест милиони воздушни перничиња и да извезува производи во вредност од 70 милиони евра. Индустрискиот објект се простира на површина од 13.600 метри квадратни и истиот претставува прва инвестиција во рамките на кичевската индустриска зона.

 

* Извор на фотографија: Министерство за економија

 

 

Инвеститорот од САД во моментов со свои производствени погони е присутен во 12 држави со над 10.000 вработени лица. Воздушните перничиња произведени во земјава ќе се вградуваат во нови возила на реномирани меѓународни компании, вклучувајќи ги „Шкода“, „Фолксваген“, „БМВ“, „Порше“, „Јагуар“ и други. На денешното свечено отворање присуствуваа вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за економија Беким Незири и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Изградбата на фабриката во Кичево започна кон средината на јули 2015 година.