Претходна статија
Се намалува бројот на бесправно изградени објекти во Македонија
Следна статија
Граѓаните чекаат последен момент за да ги легализираат дивоградбите

„Кемет Електроникс“ отпочна со градба во Бунарџик

Објавено на 30.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Во Технолошко индустриската зона Скопје 1 кај Бунарџик, денеска беше поставен камен темелник за фабрика на американската компанија „Кемет Електроникс“. Ова е четврта фабрика во зоната. Инвестицијата е во висина од 12 милиони евра и ќе обезбеди 200 вработувања, а доколку се покаже како успешна, ќе нарасне на 25 милиони евра и 500 вработувања. Во погонот ќе се произведуваат електронски компоненти – кондензатори. Стартот на производството се најавува во рок од една година.

 

„Кемет“ во Бунарџик располага со парцелата бр.24 која има површина од 4,4 хектари (закуп на земјиштето за времетраење од 50 години), а фабриката ќе се состои од производствен погон со површина од 10.000 метри квадратни, административен објект со површина од 2.600 метри квадратни и помошен објект со површина од 600 метри квадратни. За идна експанзија се предвидени 3.600 метри квадратни. Изведувач е градежната компанија „Пера Констракшн“, која ја градеше и фабриката на „Џонсон Мети“ во Бунарџик.

 

„Кемет“ има седиште во Јужна Каролина, САД, и 17 фабрики ширум светот. Воглавно произведува базични електронски компоненти за автомобилската, авионската, телекомуникациската и воената индустрија.