Претходна статија
Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се продолжи до скопската обиколница
Следна статија
965 нови станови се предвиделе за градба во текот на април

Ќе се забрза изградбата на автопатот Кичево – Охрид во наредниот период

Објавено на 10.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изврши увид во градежните работи за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Тој изјави дека се надминуваат наследените проблеми поврзани со изградбата на осумтте клучки и алтернативни патишта кои недостасуваа со претходниот проект. Нивната изградба ќе значи и изведба на 40 километри дополнителни патишта со кои населените места од Дебарца и Кичево ќе се поврзат со овој автопат. Дополнително, во претстојниот период ќе треба да се ископаат 8 милиони метри кубни земја за да се стабилизираат свлечиштата и усеците.

 

*Извор на фотографии: Министерство за транспорт и врски

 

Сугарески напомена дека со дополнителни материјали за заштита и потпора при ископ ќе се продолжи со изведбата на тунелот „Пресека“, чија должина треба да изнесува 1.990 метри. „Сите овие проблеми што ги спомнав за автопатот Кичево – Охрид, како и слабата реализација на терен од страна на компаниите, беа реална причина да има забавување на работите на терен со што силно влијаеше врз намалување на стапката на раст на нискоградбата и генерално врз БДП – то“ рече тој.

 

 

Градежните активности ќе се интензивираат во наредниот период, со што би се испочитувал рокот за изградба на автопатот до јуни 2021 година. Автопатот Кичево – Охрид има должина од 57 километри. Неговата изведба досега чинеше 374 милиони евра. Изградбата на оваа автопатска делница започна кон крајот на февруари 2014 година, со ветување на претходната влада дека ќе биде завршена до јануари 2018 година.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект