Претходна статија
Нема веќе продажба на станови без заедничкото земјиште
Следна статија
Ентериерно се уредува Куќата на Робевци во Охрид

Ќе се вложат 2,2 милиони евра за адаптација на арената „Филип Втори“ за Супер купот на УЕФА

Објавено на 24.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Националната арена „Филип Втори“ во Скопје наредната година ќе биде домаќин на европскиот Супер куп во фудбал, меч во кој ќе се сретнат победникот на Лигата на шампионите и победникот на Лигата на Европа. Сепак, инспекциите на УЕФА досега утврдиле недостатоци во микс зоната, ВИП ложата, новинарската ложа, како и влезовите на источната и на западната трибина, кои ќе мораат да се корегираат пред одигрувањето на мечот.

 

Национална арена „Филип Втори“

 

 

За таа цел проектантското биро „Балкан Консалтинг“ подготви проектна документација, а Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката (АДСДП) деновиве распиша оглас за изведувач на градежни, градежно занатски и инсталатерски работи, со кои нашиот најголем стадион подготвено ќе го дочека големиот спортски настан, кој е закажан за август 2017 година.

 

Изработката на проектната документација од страна на „Балкан Консалтинг“ го чинеше АДСДП 57.000 евра, а претстојните градежни работи се проценува дека ќе чинат околу 2,2 милиони евра. Македонија ја доби организацијата на Супер купот на УЕФА во јуни минатата година.

 

 

» Форумска дискусија за националната арена „Филип Втори“