Претходна статија
Општина Тетово работи на проектот за гасификација на градот
Следна статија
Заврши санацијата на браната Пишица кај Пробиштип

Ќе се уредува нов парк во населбата Мичурин

Објавено на 01.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Аеродром објави тендер за изведувач на партерното и хортикултурното уредување на новиот парк во населбата Мичурин. Јавната површина ќе се простира на локација на која што во моментов има оштетени реквизити и уништена урбана опрема и зеленило. Изведувачот ќе има рок од 90 дена за да го уреди новото зеленило, осветлувањето и урбаната опрема во паркот со површина од 3.573 метри квадратни.

 

*Извор на фотографија: Општина Аеродром

 

Според проценките на Општина Аеродром, реализацијата на проектот ќе чини околу 9 милиони денари. Заинтересираните фирми имаат рок до 5 ноември за да ги достават понудите, а очекувањата се дека новиот парк ќе биде готов на почетокот од 2019 година.