Претходна статија
Ново продолжување на мораториумот на ДУП-овите во општина Центар
Следна статија
Во Гевгелија се продаваат 10 парцели за индивидуално домување и за лесна индустрија

Ќе се уредува коритото на Зајашка река

Објавено на 18.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска отпочна тендерска постапка за избор на изведувач што ќе го уредува коритото на Зајашка река во Зајас, општина Кичево. Првата фаза од реализацијата на овој проект вклучува уредување на коритото на оваа река во должина од околу 300 метри, за што е предвидено да бидат одвоени околу 15 милиони денари од државниот буџет. Предвидените градежни работи од првичната фаза на овој проект треба да се завршат во рок од 5 месеци. Заинтересираните фирми имаат рок до 9 јули за да ги достават понудените за учество на овој тендер.

 

Уредувањето на коритото на Зајашка река има за цел да го спречи поплавувањето на домовите и на земјоделското земјиште во ова населено место од општина Кичево. Овој горлив проблем за жителите од Зајас се јавува со години наназад, вообичаено во текот на пролетните и есенските месеци од годината со појавата на обилни врнежи и топењето на снегот.