Претходна статија
Поднесени 182 барања за субвенционирање печки на пелети во Скопје
Следна статија
Крупни инфраструктурни проекти во предложената Програма за работа на СДСМ

Ќе се уредува ентериерот на киното „Манаки“ во Битола

Објавено на 08.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Долгогодишното ветување за пуштање во употреба на киното „Манаки“ во Битола влегува во завршна фаза. Општина Битола планира во наредниот период да го реализира внатрешното уредување на просториите од објектот лоциран на Широк Сокак. Паралелно со средувањето на ентериерот, во претстојните месеци ќе се работи на партерното уредување на културното здание. Веќе подолг временски период на терен не се одвиваат активности за довршување на новоизградениот објект на Широк Сокак. Градилиштето е сè уште оградено, а во изминативе години целосно се заврши градежниот дел од проектот, вклучувајќи ја и изведбата на фасадата.

 

Од градскиот буџет за ентериерното уредување на киното „Манаки“ се предвидени околу 8,5 милиони денари. Дополнителни 1,6 милиони денари ќе се алоцираат за партерно уредување на просторот околу објектот. Работите треба да завршат во текот на 2017 година, со што конечно ќе се пушти во употреба овој објект. Киното „Манаки“ се простира на површина од 378 метри квадратни, вклучувајќи ја салата за проекции на филмови која што има капацитет од 150 седишта. Зданието ќе има музејски простории, а меѓу постојаната збирка ќе се најдат и восочните фигури на браќата Манаки. За изградба на киното „Манаки“ досега се потрошија околу 30 милиони денари.