Во скопската општина Ѓорче Петров ќе се реконструираат три улици. Министерството за транспорт и врски денеска информираше дека е распишан тендер за санација на улиците „Браќа Чакреви“, „Гостиварска“ и „Атанас Коцарев“. Станува збор за санација на коловозот и за поставување на атмосферска канализација во должина од над 900 метри. Финансиските средства во висина од 15 милиони денари се обезбедени од надлежното министерство, а изведбата на градежните активности ќе започне по изборот на изведувач на работите.
Од Министерството за транспорт и врски денеска информираа дека во моментов се гради канализација во населеното место Волково, за што се издвоени финансиски средства од 34,5 милиони денари. Во изминатиов период во општина Ѓорче Петров биле реконструирани над 30 улици што биле зафатени од неодамнешните поплави.