Претходна статија
Државно земјиште во центарот на Скопје продадено за само 3.290 евра
Следна статија
Продадени 14 парцели за изградба на куќи и зграда во Илинден

Ќе се реконструираат пречистителните станици на Дојранското езеро

Објавено на 17.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов потпиша договор со својот колега од општина Кукуш Вангелис Баласкас за реконструкција на постоечката пречистителна станица на Дојранското езеро во Нов Дојран и за воведување современа технологија на пречистителната станица во општина Кукуш. Со проектот е предвидено да се заштитат водите на Дојранското езеро, да се постигне поголем квалитет на водата и да се заштити биодиверзитетот во езерото. Преку ИПА проектот за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција се обезбедени финансиски средства во износ од 501.799 евра, од кои 309.734 евра ќе бидат доделени на македонската страна од границата, додека Кукуш ќе добие 192.065 евра.

 

„Активностите околу реализацијата на проектот започнуваат со денешното потпишување, со што, според нашите проценки до почетокот на летната сезона, Дојран ќе ја добие пречистителната станица. Со оваа нова пречистителна станица, општината ќе ги примени најновите животни стандарди, пропишани од Европската Унија“, изјави градоначалникот на Дојран Борче Стамов. Пречистителната станица во Нов Дојран е изградена пред две и пол децении.