Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Надградба на Министерството за транспорт
Следна статија
Се гради нова фабрика кај Велес, вложување вредно 35 милиони евра

Ќе се реконструираат четири важни патишта

Објавено на 07.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Јавното претпријатие за државни патишта се подготвува за санација на четири прометни патни делници кои се во катастрофална состојба. За таа цел го ангажираше „Градежен институт Македонија“ да ја изработи потребната проектна документација. Се работи за следните делници:

 

– патен правец А3, делница Битола – Ресен – Буково (рок: 9 месеци)
– патен правец Р1206 Маврово – Дебар (рок: 10 месеци)
– патен правец Р2233 Брвеница – Гостивар (рок: 9 месеци)
– патен правец А3, делница Штип – Кочани (рок: 16 месеци)

 

Јавното претпријатие периодов е ангажирано и на остварување на замислата за изградба на нови делници од два патни правци во источниот дел од државата:

 

– патен правец Р1210, делница Тораница – Саса (рок: 16 месеци)
– патен правец Р1308, делница Пониква – Турско Рударе (рок: 16 месеци)

 

Проектирањето на овие нови делници исто така му е доверено на „Градежен институт Македонија“. За сите шест договори, на ГИМ ќе му бидат исплатени вкупно 1.941.723 евра.

 

* Патен правец Битола – Ресен