Претходна статија
Собранието го продолжи рокот за изградба на автопатот Миладиновци - Штип
Следна статија
Германски „Акомпласт“ отвори фабрика во ТИРЗ Прилеп

Ќе се реконструира магистралниот пат Прилеп – Битола – граница со Грција

Објавено на 21.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната средба со прилепските стопанственици вети дека во најскоро време ќе започне реконструкција на магистралниот пат Прилеп – Битола – граничен премин Меџитлија. Во најбрз можен рок ќе се распише тендер за реконструкција на овој патен правец, што ќе им овозможи на стопанствениците побрзо поврзување со Грција.

 


* Магистралниот пат Прилеп – Битола

 

„Факт е дека со реконструкција мора да отпочнеме. Мора да отпочнеме со проекти што во наредните 15 месеци треба да бидат изработени, се со цел патот Велес – Меџитлија да биде завршен во најкраток можен рок“ изјави Сугарески. Тој на прилепските компании им вети дека до крајот на октомври ќе се потпише договор со новиот изведувач за довршување на пругата од Битола до Кременица. Овие проекти ќе треба да овозможат подобрување на условите за водење на бизнис во Пелагонискиот регион.