Локалната самоуправа од Струга ја започна реконструкцијата на шеталиштето на Кејот од источната страна на реката Црн Дрим. За изведувач на градежните работи е избрана фирмата „Мирани-АГ“ од струшкото село Велешта. Во согласност со идејниот проект, новиот лик на шеталиштето предвидува изведба на нови плочки и поставување на урбана опрема. Долж кејот ќе се обнови постоечкото хортикултурно уредување, при што целокупните активности е зацртано да се завршат пред почетокот на туристичката сезона. За зафатот ќе се потрошат 14.500.000 денари од општинскиот буџет.
Покрај Кејот на реката Црн Дрим, општина Струга планира во следната фаза да го реконструира и градскиот плоштад. Со проектот се планира формирање на пешачка зона на плоштадот до пред општинската зграда и неговото целосно реконструирање.