Претходна статија
Пуштен во употреба пешачкиот натпатник меѓу Хиподром и Инџиково
Следна статија
Реконструирана галеријата „Никола Мартиновски“ во Крушево

Ќе се реконструира и проширува канализационата мрежа во Берово

Објавено на 09.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, градоначалникот на Берово Драги Наџински и градоначалникот на Пехчево Игор Поповски денеска го потпишаа договорот за рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општина Берово. Вкупната вредност на инфраструктурниот проект е 5 милиони евра, обезбедени преку европските ИПА фондови. Со претстојниот зафат е предвидено да се реконструира и прошири канализационата мрежа во Берово во должина од 33 километри, да се изгради колекторски систем од Берово до Пехчево и да се поврзе Пехчево со пречистителната станица на отпадни води во Берово.

 

Министерот Изаири потенцираше дека проектот директно ќе придонесе за заштита на водите од беровско-пехчевскиот регион, што ќе има национално значење за заштита на животната средина. Проектот ќе го спроведе Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со општините Берово и Пехчево.