Претходна статија
970 илјади евра за санација и доградба на општинската зграда во Сарај
Следна статија
Летово нови плажи на Дојранското и на Преспанското езеро

Ќе се реконструира булеварот „Ослободување“ во Кичево

Објавено на 12.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По подолготраен застој на работите, локалната самоуправа од Кичево продолжува со реализацијата на проектот за реконструкција на централниот булевар „Ослободување. Денеска е објавен тендер за избор на градежна компанија што ќе ги изведува работите за санација на коловозот и довршување на средишниот зелен појас. Според пресметките на Општина Кичево, проектот ќе ја чини 61 милиони денари, без вклучен ДДВ. Со градежниот зафат ќе се опфати целата траса на овој булевар, од железничката станица до централниот плоштад во градот, во должина од еден километар. Компанијата што ќе го реконструира булеварот ќе добие најмногу 18 месеци за да ги заврши изведбените активности во целост. Понудите можат да се доставуваат најдоцна до 1 април, за кога е закажано и нивното јавно отворање.

 

Проектот за санација на булеварот „Ослободување“ е во мирување веќе неколку месеци. Минатата локална власт успеа да ја промени водоводната мрежа долж целата траса, а беа започнати и работите за поставување бетонски жардиниери на местото на досегашниот средишен простор. Оваа централна сообраќајница во Кичево се состои од вкупно четири коловозни ленти, по две во секој правец. Со проектот е предвидено и хортикултурно уредување на средишниот простор на булеварот. Реализацијата на овој зафат започна во 2012 година.