Претходна статија
„Гранит“ забележал раст на добивката во 2015 година
Следна статија
Советот на Град Скопје одлучува како ќе изгледаат зградите во Скопје

Ќе се регулира реката Вардар во Полошкиот регион

Објавено на 15.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и деканот на Градежниот факултет при УКИМ Дарко Мославац денеска потпишаа договор за изработка на основен проект за регулација на реката Вардар во Полошкиот регион. За подготовка на проектната документација ќе се издвојат 2,8 милиони денари. Основниот проект треба да биде завршен во рок од четири месеци, односно најдоцна до јули годинава.

 

 

 

Планирано е да се регулира дел од речното корито, за да се елиминира опасноста од поплави на населените места и плодните површини во Полошкиот регион. Со зафатот ќе се стабилизира водниот режим и речните брегови, но и ќе се исчисти речниот коридор од отпад.