Наскоро ќе се надминат проблемите од минатите години со поплавување на земјиштето и имотот на жителите од Општина Липково. Локалната самоуправа денеска распиша тендер за регулација на речното корито на Слупчанска река. Проценетата вредност на проектот е над 18 милиони денари. Градежните работи ќе започнат кон крајот на август годинава и треба да траат седум месеци.
Општина Липково во текот на вчерашниот ден потпиша договор за изработка на техничка документација за регулацијата на коритото на Слупчанска река. Во овој дел од Кумановскиот регион за последен пат се случија поплави во текот на 2015 година. Најпогодени од овие временски неприлики се селата Опае, Оризаре и Липково. Во изминатиов период во Куманово започна и регулацијата на речното корито на Липковска река.