Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Грд „барок“ однапред, запустени фасади во позадина
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Плоштадот „Пресвета Богородица“ ќе биде готов до август

Ќе се работи на проект за регулирање на коритото на Лепенец

Објавено на 16.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Центарот за развој на Скопскиот плански регион ќе ангажира проектантско биро за изработка на техничката документација за регулација и уредување на коритото на реката Лепенец. Проценките на оваа институција се дека проектантските услуги ќе чинат 1.645.763 денари, без вкалкулиран ДДВ. Лепенец се влива во реката Вардар кај скопската населба Злокуќани. Веќе неколку децении наназад коритото на оваа река е преполно со ѓубре, додека опасноста од поплави демне врз населението што живее во општините Карпош и Ѓорче Петров. Пред три месеци, Македонија и Косово се договорија заеднички да работат на заштита на реката Лепенец. Наскоро треба да се подготви заеднички план за управување со сливот на оваа река, за што е предвидено да се искористат финансиски средства од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово во рамките на Инструментот за претпристапна помош од ЕУ-ИПА.