Претходна статија
Поништен тендерот за „барокизација“ на зградата на „Пелагонија“
Следна статија
Карго аеродромот во Штип најверојатно нема да се гради

Ќе се прави анализа за оправданоста на изградба на Телекомуникациската кула на Водно

Објавено на 10.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Ќе запре ли изградбата на Телекомуникациската кула на Водно? Македонската влада на последната седница донесе одлука со која бара од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да направи детална анализа за оправданоста на изградбата на Телекомуникациската кула на Водно. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес – конференција изјави дека АЕК има рок од еден месец за да го изготви овој документ. „Владата побара да се види оправданоста за изградбата на столбот или тие средства да се пренаменат за други потреби за граѓаните“ изјави владиниот портпарол.

 

 

Антенскиот столб висок 155 метри се гради повеќе од четири години. Финансиската сума за изведба на овој објект е уште повисока – дури 18 милиони евра би се инвестирале за оваа намена. Камен – темелникот за Телекомуникациската кула на Водно ја постави лично поранешниот премиер Никола Груевски, кој беше импресиониран од големината на самата градба. За разлика од него, екологистите уште од првиот ден настапија со негативни критики кон објектот. Тие порачаа дека Парк – шумата „Водно“ ќе се доведе во опасност од уништување, но не само од овој објект, туку и од останатите планирани од претходната влада.

 

Бетонската конструкција на Телекомуникациската кула на Водно веќе е изведена. Сепак, во моментов е нејасно колкави финансиски средства се предвидени за довршување на овој објект. Само лани, од АЕК за овој антенски столб издвоиле над 3,1 милиони евра. Проектот предвидуваше во објектот да се смести антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенциите.