Претходна статија
Шопинг центри, хотел и фабрики во кумановско Горно Коњаре
Следна статија
Во септември се зголемил бројот на предвидени станови за градба

Ќе се покрива сцената на Долни Сарај во Охрид

Објавено на 04.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По идејата за изведба на монтажен покрив на сцената на Античкиот театар, на површина излезе и замислата за реализација на покривна конструкција на сцената на Долни Сарај во Охрид. Националната установа Завод и музеј од Охрид денеска го објави огласот за избор на компанија што ќе го изведе планираниот покрив, во периодот од 1 декември 2013 до 1 мај 2014 година. За овој зафат изготвена е проектна документација, а целта за негово спроведување е непреченото одвивање на културните настани во стариот дел од градот во текот на летните месеци. Понудите од заинтересираните фирми треба да бидат доставени најдоцна до 25 ноември, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Како критериуми за доделување на договорот се наведени: цената (50 поени), квалитетот (40 поени) и периодот на гаранција (10 поени).

 

 

 

За натамошно санирање на локалитетот Долни Сарај, во 2014 година е предвидено да се реконструираат скалите и да се фугира внатрешниот скалишен простор, со што ова место би се поврзало со езерскиот брег. Во план е и изградба на мост, со кој ќе се поврзе брегот со пешачката патека што води кон населбата Канео. Со средства од Министерството за култура, годинава беа санирани јужните ѕидни платна на летната сцена Долни Сарај.