Претходна статија
Нов Конкурс за идејно решение за рекреативниот центар „Младост“ во Неготино
Следна статија
Стартува реконструкцијата на главната сообраќајница во Шуто Оризари

Ќе се подготвува проектот и за третата индустриска зона во Бунарџик

Објавено на 19.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По девет години од отворањето на втората, македонската влада ќе подготвува за отворање и на третата индустриска зона во Бунарџик кај Скопје. Дирекцијата за Технолошко Индустриски Развојни Зони денеска ја објави тендерската постапка за изготвување на инфраструктурни и основни проекти за внатрешната и надворешната инфраструктура на ТИРЗ Скопје 2 и ТИРЗ Скопје 3. Со претстојната документација ќе се опфатат внатрешните сообраќајници, водоводната, канализационата и гасоводната мрежа, уличното осветлување, како и системите за одведување на атмосферски и отпадни води од двете индустриски зони.

 

*Проектната документација ќе овозможи развој на инфраструктурата во двете индустриски зони

 

Проценката на Дирекцијата за ТИРЗ е дека проектната документација за двете индустриски зони ќе чини околу 7 милиони денари. Рокот за изработка на проектите е 105 календарски дена од воведувањето во работа, а понудите од проектантските куќи се очекува да бидат доставени до почетокот на април годинава.

 

Отворањето на третата индустриска зона во Бунарџик ќе означи зголемување на бројката на странски инвестиции во Северна Македонија, откако во април 2010 година беше свечено пуштена во употреба ТИРЗ Скопје 2. Во изминативе години најголема инвестиција во втората технолошко – индустриска развојна зона крај Скопје беше онаа на белгискиот производител на автобуси „Ван Хол“.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk