Претходна статија
Најпопуларните објави во 2011
Следна статија
Продадени 54 хектари градежно земјиште во Петровец

Ќе се намалува бројот на билбордите во центарот на Скопје

Објавено на 03.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Град Скопје изготвува нова студија за целосно регулирање на проблемот со огласување на јавните површини во метрополата. Според првичните информации, позначителни измени ќе има во вкупниот број на поставени рекламни паноа, но и во бројот на концесионери кои ќе ја делат добивката од надворешното рекламирање. Вкупниот број на билборди во Скопје ќе се зголеми, но не и во центарот на градот. „Со нацртот на студијата предвидено е намалување на бројот на билбордите во централното градско подрачје, а ќе се зголеми бројот на билборди периферно по магистралните улици, надвор од Малиот и Големиот Ринг. Новитет би требало да претставуваат ЛЦД билбордите кои ќе се поставуваат во централното градско подрачје“, истакнуваат за „Билд“ од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

 

#Првичната верзија на студијата предвидува двојно зголемување на бројот на концесионери кои ќе управуваат со надворешното рекламирање на територијата на градот, така што од април 2012 година четири компании ќе се натпреваруваат во привлекувањето потенцијални клиенти во овој бизнис. Градските власти истакнуваат дека сите забелешки на досегашните концесионери и граѓаните ќе бидат разгледани. „Во наредниот период, до средината на месецов треба да се сублимираат сите сугестии и да се изработи конечната верзија, по што ќе се пристапи кон распишување на повик за избор на концесионери“, напоменуваат од локалната самоуправа на градот. Консултантската група за изработка на Студијата ја сочинуваат Заводот за урбанизам на Град Загреб, Гранд Тортон во економскиот дел и канцеларија Поленак во нормативно – правниот дел.

 

» Форумска дискусија на оваа тема

 

 

Бојан Блажевски