Претходна статија
Градежна комора: Цената на становите ќе расте
Следна статија
Отворена изложбата за трансформација на улицата „Мирослав Крлежа“ во Центар

Ќе се изработи техничка документација за довршување на првата фаза од ХС „Злетовица“

Објавено на 22.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја објави тендерската документација за изработка на техничките документи за финализирање на првата фаза од проектот за изградба на хидросистемот „Злетовица“. За фазата што го вклучува водоснабдувањето на општините Штип, Свети Николе, Карбинци и Лозово е неопходно да се изработат инфраструктурни и основни проекти за дополнителни зафати, со кои ќе се обезбедат потребните количини и квалитетот на водата за пиење во овие населени места од источниот дел на земјава.

 

Од надлежното министерство бараат проектант што ќе го изготви основниот проект за адаптација на постоечката филтер станица во Штип, изработка на проектите за пристапен пат до пречистителната станица, заедно со изградбата на самата филтер станица и за рехабилитација на постоечкиот резервоар и доградба на нов резервоар во општина Лозово, изработка на проектната документација за распределителните цевководи и пристапен пат во општина Карбинци, како и за подготовка на основен и инфраструктурен проект за рехабилитација на постоечката филтер станица и за изградба на резервоар за вода во Свети Николе.

 

Со идниот проектант ќе се склучи договор за изработка на техничката документација во период од 12 месеци. Заинтересираните субјекти имаат можност да ги разгледаат документите до 29 март, по што ќе следува и официјалното објавување на тендерската постапка.