Претходна статија
Големата сала на МОБ ќе се реновира
Следна статија
„Скопје 2014“ голта постоечки објекти со дневна зачестеност

Ќе се изготвува основен проект за автопатот Букојчани – Кичево

Објавено на 23.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Јавното претпријатие за државни патишта денеска публикуваше повик за доставување на понуди од проектантски бироа за изработка на основниот проект за автопатот Букојчани – Кичево. Станува збор за една од двете планирани делници на автопатот Гостивар – Букојчани – Кичево, со вкупна должина од 47 километри. Основниот проект за делот од трасата што минува низ кичевскиот регион треба да се изготви во временски период од 18 месеци. Проценките на јавното претпријатие говорат дека изработката на неопходната документација ќе чини околу 860 илјади евра. Огласот е отворен до 12 април.

 

#

 

 

Автопатската делница Гостивар – Кичево е зацртано да се гради по пат на јавно – приватно партнерство. За овој сегмент од паневропскиот Коридор 8 допрва треба да се објави оглас за пронаоѓање на концесионер којшто ќе вложи во автопатот. За спроведување на целокупната постапка во изминативе години се искористија и консултантски услуги од меѓународната куќа International Finance Corporation. 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk