Претходна статија
ЕЛЕМ бара чаре на хартија за загадувањето од РЕК „Битола“
Следна статија
Битолски Драгор со редизајнирани мостови

Ќе се изготви проект за експресниот пат Штип – Кочани

Објавено на 27.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Постоечкиот магистрален пат од Штип до Кочани ќе се надгради на ниво на експресен пат со по две коловозни ленти од по 3,5 метри и по две ленти за застанување од по 2,45 метри. Агенцијата за државни патишта објави оглас за избор на фирма што ќе ја изработи проектната документација за планираната делница во должина од 26 километри. Најповолниот понудувач ќе биде познат на 3 февруари.

 

 

Освен изготвувањето на проектната документација, се чини дека не постојат позначителни пречки за остварување на овој инфраструктурен објект. За реализација на експресниот пат се обезбедени потребните финансиски средства преку неодамна подигнатиот кредит во висина од 160 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Изградбата на планираниот полуавтопат следува со привршувањето на реконструкцијата на патот Велес – Кадрифаково, кој во моментов се наоѓа во трета фаза од реализација на проектот.

 

 

Бојан Блажевски