Претходна статија
Полошкиот регион за четири години ќе добие ефикасен механизам за заштита од поплави
Следна статија
Заврши проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ кон Пинтија

Ќе се изготви инфраструктурен проект за планираниот автопат Букојчани – Кичево

Објавено на 28.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Јавното претпријатие за државни патишта денеска објави оглас за избор на проектант што ќе го изработи инфраструктурниот проект за автопатската делница од кичевското село Букојчани до Кичево, дел од планираниот автопат Гостивар – Букојчани – Кичево со вкупна должина од 42 километри. Станува збор за варијанта на трасата што вклучува и тунел. Најповолниот понудувач ќе има рок од четири месеци за да го изготви инфраструктурниот проект, додека самиот договор за реализација на проектантските услуги е со времетраење од 10 месеци. Проценетата вредност на оваа проектна документација е околу 2,4 милиони денари. Заинтересираните компании имаат рок до 20 декември за да ги достават своите понуди до Јавното претпријатие за државни патишта.

 

 

Изработката на инфраструктурниот проект следува по комплетирањето на основниот проект за автопатската делница од Букојчани до Кичево. Основниот проект беше подготвен од „Балкан консалтинг“ од Скопје, а финансиски средства за овој сегмент од паневропскиот Коридор 8 треба допрва да се бараат. Претходната влада планираше автопатот да го гради по пат на јавно – приватно партнерство.