Претходна статија
Нови велосипедски патеки околу Големиот ринг во Скопје
Следна статија
Огласени на продажба осум градежни парцели во Пробиштип

Ќе се издигне Спомен парк во чест на Никола Карев во месноста Свиланово

Објавено на 21.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Три општини од истокот на Македонија со заеднички сили ќе градат Спомен парк на Никола Карев во месноста Свиланово во Кочанскиот регион. Станува збор за трајно обележје и спомен на херојската борба и загинувањето на македонскиот револуционер Никола Карев на 27 април 1905 година. Споменичното обележје ќе се простира на површина од 1.500 метри квадратни и со него се предвидени повеќе содржини од кои посетителите ќе научат за историјата на Карев. Општините Кочани, Чешиново-Облешево и Пробиштип заеднички ќе го градат спомен паркот.

 

 

Градежните работи треба да започнат на почетокот од месец мај и да завршат до крајот на 2017 година. Финансиските средства за планираниот зафат се во висина од 5.700.000 денари и истите се обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој.