Претходна статија
Работниците бесплатно можат да се стекнат со сертификати за енергетска ефикасност
Следна статија
Ќе се руши товарниот склад на Старата железничка станица во Скопје

Ќе се гради уште еден бункер за акцелератор во Клиничкиот центар

Објавено на 10.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија денеска публикуваше тендер за изградба на бункер за нов акцелератор и за надзор над изведбата на градежните работи. Огласот следува откако Министерството за здравство купи нов акцелератор во вредност од 1,7 милиони евра за оваа клиника, со што целосно треба да се реши проблемот со долгото чекање за зрачна терапија на пациентите со тешки болести. Акцелераторот треба да пристигне во земјава најдоцна до крајот на оваа, или пак, до почетокот на наредната година. Градежните работи треба да започнат на почетокот од декември и да се комплетираат до крајот на 2016 година.

 

 

За изведба на бункерот, се планира да се инвестираат околу 900 илјади евра. Со реализацијата на овој проект ќе се изгради четврти акцелератор во рамките на оваа здравствена установа, во која два од постоечките акцелератори се стари неколку децении.