Претходна статија
Со отстранувањето на споменикот на Ќосето започнува справувањето со „Скопје 2014“
Следна статија
Наместо „барокна“, Гази Баба ќе добие модерна општинска зграда

Ќе се гради патната инфраструктура во новата населба „Јака“ во Илинден

Објавено на 24.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Илинден  објави тендер за изведувач на новопланираните улици во населбата „Јака“, лоцирана на источниот влез во Скопје. За предвидената патна инфраструктура е проценето дека ќе бидат потребни околу 13 милиони денари. Изведбата на градежните работи ќе се одвива етапно во период од 12 месеци.

 

 

Општинските власти планираат да ги изградат во целост новопланираните улици во населбата. Продажбата на градежни парцели се одвиваше изминативе неколку години, а досега се продадени десетици локации за изградба на куќи за домување. Населбата „Јака“ е оддалечена на 15 километри од центарот на Скопје, долж автопатот и пругата Скопје – Куманово. Изготвената урбанистичка документација предвидува на ова место да се изградат 500 куќи, хотел, трговски центар и спортско – рекреативни содржини.