Претходна статија
Отворен аеродромот „Александар Велики“
Следна статија
Булеварот „Св.Климент Охридски“ свечено пуштен за сообраќај

Ќе се гради нова катна гаража кај „Работнички дом“

Објавено на 07.09.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Центарот на Скопје ќе добие уште една катна гаража спроти трговскиот центар „Соравија“, петта по ред од седумте планирани од страна на македонската влада. Камен – темелникот на новиот објект беше поставен денес од страна на премиерот Никола Груевски. Вкупната површина на објектот ќе изнесува 23.000 метри квадратни, а во рамките на истиот е предвиден и деловен простор на површина од 3.000 метри квадратни на пет нивоа. Катната гаража ќе има капацитет да прими 516 возила, а предвидената површина на делот за паркирање ќе изнесува 20.000 метри квадратни распространети на девет надземни и еден подземен кат.

 

Вкупната инвестиција во овој проект изнесува осум милиони евра, а како инвеститор се јавува „АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор“. Проектант на катната гаража е „Иванов инженеринг“, а изведувач на градежните работи е компанијата „Бетон“ од Скопје. Се очекува катната гаража да биде завршена за 2 години. Во согласност со Програмата на Владата на Р.М., веќе почна изградбата на предвидените катни гаражи кај полициската станица „Беко“, на локацијата на поранешниот цветен пазар, во близина на новата зграда на Кривичниот суд и кај главната пошта.

 

Рендери
Катна гаража кај „Работнички дом“ Катна гаража кај „Работнички дом“ Катна гаража кај „Работнички дом“
Катна гаража кај „Работнички дом“
Градилиште
Катна гаража кај „Работнички дом“ Поглед на градилиштето Поглед на оградената парцела